ИнтернационалциФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Велковски и Зрињски се разделија

Сподели
ФОТО: HŠK Zrinjski Mostar
Сподели

Македонскиот репрезентативен дефанзивец Дарко Велковски повеќе не е член на Зрињски Мостар, откако клубот од Босна и Херцеговина официјално објави прекин на соработката.

Велковски пристигна во Зрињски во летниот преоден рок како едно од позначајните засилувања, но не успеа да се избори за посериозна улога во тимот. Во есенскиот дел од сезоната настапи на само два официјални натпревари, по што стана јасно дека нема да биде во прв план кај стручниот штаб.

По заемна согласност, двете страни решија да ја прекинат соработката порано од планираното. Од клубот истакнаа дека разделбата е коректна и професионална, при што му посакаа среќа и успех на Велковски во продолжението од кариерата.

Со оваа одлука, 29-годишниот стопер ќе мора да побара нова средина за вториот дел од сезоната. Во својата досегашна кариера Велковски настапуваше за Македонија Ѓорче Петров, Работнички и Вардар, а интернационалната кариера ја градеше преку Ријека, Ал Етифак (Саудиска Арабија), Динамо Букурешт и Ниреѓихаза.

Зрињски, пак, продолжува со подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде што клубот има амбиции и на домашната сцена и во европските настапи.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!