Европско првенство 2026Ракомет

(ВИДЕО) Се будат убави спомени во Богданци: Атракција на Турченко на ЕП – ефектен гол!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Кога ќе се спомне името Сергеј Турченко веднаш се будат убави моменти од најдобрите времиња на РК Младост кога клубот ги живееше најубавите времиња.

Украинецот Сергеј Турченко „гинеше“ за дресот на Младост, а кога ќе се спомени неговото име сите велат бил играч со неверојатен талент, ракометар кој направил многу не само за Младост туку и за македонскиот ракомет, а тој е поранешен македонски репрезентативец.

Вечерва иако Украина загуби на отварањето на Европското првенство од домаќинот Норвешка, се случи еден момент кој е поврзан со Игор Турченко и со тие убави моменти. Неговиот син Игор Турченко, вечерва постигна неверојатен гол од слободен удар против Норвешка, а голманот Торбјорн Бергеруд беше немоќен при тоа ремек-дело на Турченко.

Гол кој за момент ги враќа златните моменти кога неговиот татко Игор Турченко настапуваше за Младост од Богданци, клуб кој е пред можноста да се врати во ракометната елита на Македонија односно од следната сезона да настапува во Суперлигата.


Инаку, татко му на Игор, Сергеј Турченко настапи за Македонија во квалификациите за Европското првенство во далечната 1998 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Поврзани написи
Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!