РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за престојните пријателски натпревари против Турција

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години, Влатко Колев, го објави списокот на фудбалери повикани за претстојните пријателски натпревари во Анталија, Турција.

Младата репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против врсниците од Турција, на 20 и 22 јануари 2026 година. Овие дуели се дел од подготовките за Елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство, во која македонската селекција обезбеди учество со одличните настапи во претходната рунда.

Голмани:
Амин Суљовиќ (ФК Скопје), Даријан Денковски (Македонија ЃП), Ринор Цека (Шкендија)

Одбрана:
Тео Стојчевски (Вардар), Павел Рибарски (Вардар), Алек Чедомириски (Македонија ЃП), Грегоријан Михајловски (Сервет – Швајцарија), Филип Цветковски (Вардар), Михаил Митревски (Македонија ЃП), Давид Лиотоски (Работнички), Марко Иванов (Копер – Словенија)

Среден ред:
Самуел Вртковски (Макартур / Bulls FC Academy – Австралија), Марко Мирчевски (Охрид Лихнидос), Бленди Љачка (Фенербахче – Турција), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП), Арда Илјазовски (Болдклубен 1893 – Данска), Јаков Пресилски (Пелистер), Лука Јасмин Георгиев (Вардар), Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП), Амер Бајрами (Работнички), Мелдин Аломеровиќ (Слован Љубљана – Словенија), Павел Миронски (Македонија ЃП)

Напад:
Фадилј Исламовиќ (НК Кустошија – Хрватска), Васко Папалиски (Скопје), Јаков Стојковски (СЦ Падерборн 07 – Германија), Андреј Цветковски (Вардар).

Во Елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство, македонската У17 репрезентација ќе се соочи со силни противници – Германија, Франција и Словенија. Турнирот ќе се одигра кон крајот на март, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбеди само првопласираната селекција во групата.

Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до 7 јуни 2026 година, а домаќин ќе биде Естонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!