Ракомет

ЖРК Атлетик ја врза Величковска до 2029: Доверба во младинската репрезентативка

Сподели
ФОТО: ЖРК Атлетик
Сподели

ЖРК Атлетик продолжува со јасна визија и стабилност во ростерот, откако клубот официјално го продолжи договорот со левиот бек Анастасија Величковска до 2029 година.

Величковска е родена на 27 април 2005 година и важи за една од најперспективните ракометарки во својот генерациски круг. Ракометната кариера ја започна во РК Илинден Вардар, каде што помина пет години, по што следеше едногодишен ангажман во ЖРК Металург Автокоманда. Во 2024 година беше дел од младинската репрезентација на Македонија која настапи на Светското првенство за ракометарки до 20 години, одржано во нашата земја.

Во актуелната сезона таа го носи дресот на Атлетик, а со константните и зрели настапи во првиот дел од првенството го оправда добиената доверба. Левиот бек во есенскиот дел постигна вкупно 28 погодоци и даде значаен придонес во резултатите на тимот, што беше клучно двете страни да се договорат за продолжување на соработката.


ЖРК Атлетик моментално е непоразен лидер во Првата женска ракометна лига со максимален учинок – 11 победи од исто толку натпревари и 22 освоени бодови. Клубот јасно ја најавува својата амбиција за пласман во Суперлигата, а задржувањето на млади и квалитетни ракометарки како Величковска е дел од стратегијата за остварување на таа цел.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!