Ракомет

Охрид со сигурен тест против Врбас на стартот од подготовките

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид на одличен начин го отворија пријателскиот циклус во Србија, забележувајќи убедлив триумф против домашниот Врбас од 40-21.

Македонскиот тим рано ја презеде контролата врз натпреварот, а решавачката предност ја изгради уште во првиот дел, по кој на семафорот стоеше 22-13 во корист на гостите. Во продолжението, Борис Ројевиќ им даде можност на сите расположливи ракометари, но односот на силите остана непроменет.

Најефикасен во победничкиот табор беше новото засилување Прибетиќ со седум погодоци, додека Јагуриноски уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма, постигнувајќи пет гола. Своја улога во напаѓачката доминација имаа и Ојлески и Стрмљан, кои по четири пати ја затресоа противничката мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

По натпреварот, „гладијаторите“ остануваат во Врбас уште два дена, каде ќе продолжат со тренинзите, пред преселбата во Белград. Таму охриѓани ќе настапат на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“.

Во полуфиналето, закажано за 16 јануари, Охрид ќе се соочи со екипата на Динамо Панчево, додека во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Партизан и словенечкиот Тримо Требње.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!