Ракомет

Пилиповиќ ја затвора охридската епизода – тригодишен договор со Криенс Луцерн

Сподели
ФОТО: HC Kriens-Luzern | facebook
Сподели

Кристијан Пилиповиќ на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на настапите во дресот на Охрид и ќе се врати во швајцарскиот ракомет, каде од летото 2026 година ќе биде дел од Криенс Луцерн. Искусниот голман, кој има хрватско потекло и австриски пасош, реши да продолжи во швајцарскиот клуб.

Пилиповиќ во Охрид пристигна кон крајот на октомври и за кратко време се наметна како еден од клучните фактори во тимот, давајќи значаен придонес во позитивните резултати на „гладијаторите“. Иако неговиот престој ќе трае помалку од една сезона, искусниот чувар на мрежата остави силен впечаток со своите интервенции и лидерство на теренот.

Новиот клуб на Пилиповиќ, Криенс Луцерн, официјално потврди дека со него е потпишан тригодишен договор, со важност до 2029 година. Од швајцарскиот клуб истакнаа дека во Пилиповиќ добиваат голман со големо меѓународно искуство, врвен квалитет и изразен победнички менталитет – карактеристики кои, според нив, се клучни за остварување на амбициозните цели во наредниот период.

„Со своето огромно меѓународно искуство, квалитетот меѓу стативите и силниот победнички дух, Кристијан ги носи токму оние елементи кои ни се неопходни за следната фаза од нашиот развој. Со нетрпение очекуваме заедно да го продолжиме патот“, порачуваат од Криенс Луцерн.

Во меѓувреме, Охрид веќе реагираше на заминувањето на Пилиповиќ и го обезбеди потписот на хрватскиот репрезентативец Дино Славиќ, кој потпиша договор до 2028 година за што веќе објави Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!