Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

(ВИДЕО) Митев: Фокусот е на Данска, ќе го дадеме максимумот!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската ракометна репрезентација со последни проверки во Данска пред почетокот на Европското првенство. Нашата тренинг база од последните подготовки е во Силкеборг, град во близина на Хернинг, каде ќе ги играме натпреварите од групата Б.

Средниот бек на Македонија, Марко Митев, вели дека имаат уште неколку за подготовки, фокусот е ставен на Данска, против која го отвараме ЕП, а тој истакна дека ќе го дадат максимумот.

„По напорниот пад добивме слободен ден за одмор имавме простор да се одмориме. Сабајлево одработивме фитнес тренинг тоа добро ќе и дојде на екипата, а вечер ќе имаме интензивен тренинг во сала. За три дена започнува Европското првенство. Нашиот фокус моментално е на првиот натпревар со Данска. Можеби тие се фаворити, но ние ќе го дадеме максимумот и нашата цел да е да извојуваме добар резултат. Имаме уште три дена да се подготвиме, како тактички, исто така да се подготвиме и физички и се надевам дека ќе успееме да го испратиме нивниот ритам и се надеваме на позитивен резултат“, рече Митев.

По мечот со Данска, Македонија на 18 јануари ќе игра со Португалија, а пак на 20 јануари ќе играме со Романија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!