Ракомет

Радовишанецот Душко Кландев назначен за нов шеф на стручниот штаб на Салцбург

Сподели
ФОТО: HLA CHALLENGE
Сподели

Македонскиот тренер Душко Кландев од Радовиш доби големо признание во Австрија, откако официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Салцбург, а следуваше и неговата официјална промоција.

Радовишанецот кој со години живее и работи во Австрија, досега беше активно вклучен во работата со младинските категории. Сега, по долгогодишниот ангажман и довербата од клубот, доби шанса да ја води и сениорската екипа.

Во неговата работа ќе му асистира активниот играч на клубот, Давид Дрехер, кој е назначен за помошен тренер. Двајцата ќе се обидат да ја стабилизираат екипата и да ја вклучат во борбата за пласман во плеј-офот.

Салцбург настапува во австриската „Челинџ лига“, второто ниво на натпреварување кое е поделено по региони. По завршувањето на есенскиот дел од сезоната, тимот се наоѓа на шестата позиција со 11 освоени бодови, но разликата до местата кои водат во плеј-оф е достижна.


Кландев е меѓу првите македонски тренери кои се стекнаа со престижната Мастер Коуч лиценца, а зад себе има и значајна играчка кариера, особено во Радовиш, каде што остави силен печат.

Назначувањето на Душко Кландев претставува уште еден позитивен пример кој успешно се пробива и добива доверба на меѓународната сцена.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!