Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 ги стартуваше подготовките: Битолчани во трка за плеј-оф во финишот на регуларниот дел

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со работен состанок и првиот тренинг официјално ги започнаа активностите за вториот дел од сезоната во Суперлигата. Тренерот Александар Зарков на првата прозивка ги имаше на располагање речиси сите ракометари од есенскиот дел, со кои ќе се обиде во последните четири кола да избори место во плеј-офот.

Подготовките ќе се реализираат во Битола, а тимот секојдневно ќе тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“. Во рамки на подготвителниот период планирани се и три контролни натпревари – два теста против Прилеп на 23 и 25 јануари, како и дуел со Младост од Богданци на 30 јануари.

Еурофарм Пелистер 2 есенскиот дел од сезоната го заврши на седмото место со 17 бодови, само еден помалку од Тиквеш и Бутел, кои се на позициите што водат во плеј-офот. Во трката за петтото и шестото место ќе се вклучат и Прилеп, кој е осми со 16 бодови, што најавува исклучително неизвесен финиш на регуларниот дел.


Првиот официјален натпревар во 2026 година, младите „пелистерци“ ќе го одиграат на 7 февруари, кога ќе се сретнат со првиот тим на Еурофарм Пелистер.

Тренерот Александар Зарков е свесен за тежината на задачата, но верува дека тимот ќе го даде максимумот во завршницата од сезоната.

„Денес ги започнавме подготовките за вториот дел на првенството, сите тренинзи ќе ги одработиме во Битола. Имаме план и програма како физички, така и тактички да ја подготивме екипата. Имаме договорено пријателски натпревари со Прилеп на 23 и 25 јануари и со Младост од Богданци на 30 јануари. Имаме уште четири кола, од нив две мораме да ги добиеме со Струга и Радовиш. Најлошо е кога ќе чекаш некој друг од некој да загуби за да влеземе во плеј-оф. Има уште шанси, не зависи од нас, нашето ќе го направиме сигурно тоа што е зацртано. Ќе одиме на победа како на секој натпревар, ако обезбедиме плеј-оф ќе биде супер, ако не одиме, ако не во плеј-аутот ќе влеземе со сите бодови“, рече тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Зарков.

Со јасна цел и прецизен план, Еурофарм Пелистер 2 влегува во продолжението од сезоната со надеж дека ќе успее да избори место меѓу најдобрите и да обезбеди пласман во плеј-офот.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!