Останато

Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка и блесна на стартот на Австралија Опен

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка со победа ги започна квалификациите за Австралија опен. Во првото коло таа ја совлада четвртата носителка, Синја Краус од Австрија, со 2-0 во сетови (7:5, 6:0) за само 62 минути игра. Во следната рунда Ѓорческа ќе се соочи со Тамара Зиданшек од Словенија, која со идентични 2-0 ја елиминираше Французинката Џесика Понше.

Дуелот меѓу Ѓорческа и Краус започна израмнето, со неизвесна борба во првите гемови. Првиот брејк го направи австриската тенисерка, која поведе со 4:2. Сепак, во деветтиот гем македонската претставничка спаси две сет-топки, намали на 5:4 и потоа целосно го презеде ритамот на мечот, освојувајќи ги следните три гема и препуштајќи ѝ на противничката само два поена.

Во вториот сет Ѓорческа ја продолжи доминацијата и со серија од вкупно девет освоени гема по ред стигна до убедливи 6:0, со што без загубен гем го завери пласманот во следното квалификациско коло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!