Ракомет

Шампионот Еурофарм Пелистер го назначи Стевче Алушовски за нов тренер

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и официјално го реши тренерското прашање за вториот дел од сезоната, откако довербата му ја додели на добро познато име во битолскиот и македонскиот ракомет – Стевче Алушовски.

По оставката на Рубен Гарабаја на почетокот од декември и периодот во кој тимот беше воден од спортскиот директор Звонко Шундовски, раководството на „зелено-белите“ се одлучи за домашен стратег, кој веќе има длабока поврзаност со клубот и градот. Алушовски со тоа се враќа во Битола и повторно ќе седне на една од најодговорните клупи во македонскиот спорт.

Искуството, познавањето на средината и претходните резултати беа клучни фактори во изборот, особено ако се земе предвид фактот дека Пелистер го очекува интензивен период со борба за домашните трофеи и продолжение на настапите во Лигата на шампионите.

Од клубот официјално ја потврдија одлуката преку соопштение.

„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер. Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.“

Алушовски зад себе има шампионска титула со Вардар 1961 и големи резултати со Пелистер, Еурофарм Работник и Охрид, па во Битола очекуваат неговото враќање да донесе стабилност, јасна визија и продолжување на шампионските амбиции на клубот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!