Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново се раздели со капитенот Јасир Беќири 

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново објавена дека клубот и капитен Јасир Беќири се разделуваат со взаемна почит, гордост и искрена благодарност за сè што беше направено во изминатиот период.

Од враќањето на Шкендија Арачиново од Четвртата лига па сè до денес влезот во Втора лига, Беќири имаше многу повеќе од улогата на фудбалер. Тој беше вистински лидер на теренот, глас во соблекувалната и пример за пожртвуваност и посветеност кон секој соиграч. Неговата борбеност, потта и љубовта кон црвено-црниот дрес се дел од секој успех што клубот го постигна во овој период.

Во клучните и најтешки моменти, но и во најубавите денови за клубот, Јасир Беќири беше една од главните столбови на тимот, капитен кој секогаш знаеше како да ја поведе екипата напред и да ја одржи стабилноста на теренот.

Шкендија Арачиново јавно ја изрази својата најискрена благодарност за сè што Беќири направи за клубот, потенцирајќи дека вратите на клубот за него секогаш ќе останат отворени, бидејќи тој не е само поранешен капитен, туку траен дел од историјата на клубот.

Инаку, 27-годишниот Јасир Беќири го носеше дресот на Шкендија Арачиново од септември 2021 година, а во својата кариера настапуваше и за Илинден, Фортуна, Скопје и Вардар, оставајќи зад себе богато домашно искуство и силен белег каде и да играше.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!