Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонските ракометари рано утринава заминаа за Винтертур – последни проверки пред ЕП

Сподели
ФОТО: Ракометна репрезентација на Македонија
Сподели

Македонската ракометна репрезентација рано утринава од Скопје замина за Швајцарија, каде ја очекува клучната завршница од подготовките за настапот на Европското првенство. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе бидат стационирани во Винтертур, домаќин на традиционалниот „Жолт куп“, кој ќе послужи како последен сериозен филтер за формата пред заминувањето во Данска.

На турнирот, кој се игра од четврток до сабота, Македонија ќе се соочи со селекциите на Бахреин, Украина и домаќинот Швајцарија.

Првиот натпревар е закажан за четврток од 20:30 часот против Бахреин, во петок следува дуелот со Украина од 17:45 часот, додека в сабота од 18:00 часот нашиот национален тим ќе ги одмери силите со Швајцарија. Веднаш по пристигнувањето, ракометарите ќе одработат и тренинг во салата во Винтертур.

По настапот на „Жолтиот куп“, македонската експедиција ќе се пресели во Данска, каде ќе ги направи финалните подготовки за Европското првенство. Последната проверка пред шампионатот е контролниот натпревар против данскиот прволигаш Митјиланд, закажан за 13 јануари од 19 часот.


Европското првенство Македонија ќе го започне на 16 јануари со силен тест против домаќинот Данска. Два дена подоцна следи пресметка со Португалија, а групната фаза ќе биде заокружена на 20 јануари со дуелот против Романија.

Натпреварите од групата ќе се играат во Хернинг, каде македонските ракометари ќе се обидат подготвено да одговорат на предизвиците на европската сцена.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!