Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија – соработка продолжена до 2029 година

Сподели
ФОТО: Ракометна федерација на Македонија
Сподели

Ракометната федерација на Македонија официјално ја информираше јавноста дека продолжува соработката со селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров. Одлуката е донесена во духот на заедничка визија, меѓусебна доверба и јасна стратегија за долгорочен развој на македонскиот ракомет, а новиот договор ќе важи до 2029 година.

Од Федерацијата потенцираат дека континуитетот и стабилноста на стручниот штаб се клучни фактори за напредокот на националниот тим, како и за создавање цврста основа за идните генерации ракометари.

„Официјално ја продолживме соработката со селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година. Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на националниот тим и македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија ќе продолжиме да остваруваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт“, изјави претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов.

Своето задоволство од продолжувањето на соработката го истакна и селекторот Кирил Лазаров, кој ја нагласи одговорноста и честa да се води националниот тим.


„На заедничко задоволство ја продолживме соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на национален тим, поготово на својата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за укажаната доверба и поддршка.
Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност ќе продолжиме да работиме на напредокот на националниот тим и достоинствено претставување на Македонија, со фокус на стабилност и резултати на долг рок“, изјави селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров.

Со продолжувањето на договорот, Ракометната федерација на Македонија испраќа јасна порака за доверба во визијата и работата на Кирил Лазаров, со цел македонскиот ракомет да продолжи по патот на стабилен развој и конкурентни настапи на меѓународната сцена.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!