Прва лигаФудбал

Арсими на зимски подготовки во Хрватска, целта е сигурен опстанок во елитата

Сподели
ФОТО: ФК Арсими | АРХИВА
Сподели

Прволигашот Арсими од денеска се сели во Хрватска, каде што ќе ја одработи зимската подготвителна фаза во пресрет на вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот од Чегране ќе престојува во Хрватска во период од 10 дена, во кои се планирани и неколку контролни натпревари со реномирани противници. Арсими ќе одигра пријателски средби против Славен Белупо, ХНК Вуковар и НК Приморје, а во најавата стои дека во наредните денови ќе биде потврдена уште една контролна проверка.

На 7. јануари тимот ќе се тестира со Вуковар, на 10. јануари против Славен, а пак на 13. јануари со Приморје, додека пак за 16. односно 17. јануари се бара противник.

Од клубот посочуваат дека оваа подготвителна фаза има за цел максимално професионално да се одработат подготовките и да се подигне конкурентноста на „жолто-црните“, со што екипата што е можно поподготвена да го дочека стартот на пролетниот дел од шампионатот.

Арсими, кој оваа сезона е дебитант во Првата македонска фудбалска лига, есенскиот дел го заврши на одличното петто место со освоени 22 бодови. Во продолжението од сезоната, главната цел на тимот ќе биде директен опстанок во фудбалската елита на Македонија.


Од клубот упатија и благодарност до членовите, дијаспората, спонзорите, навивачите и целата заедница за континуираната поддршка и довербата во спортскиот проект, со порака дека заедно се посилни во остварувањето на зацртаните цели.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!