Прва лигаФудбал

ФОТО: Шкендија денес ги започна зимските подготовки

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Актуелниот македонски шампион, Шкендија, денес ги започна зимските подготовки за пролетната полусезона, во кој Шкендија ќе се натпреварува на три фронта – домашното првенство, Купот и за првпат во својата историја со предизвици и во европската пролет, по пласманот во плеј-офот на УЕФА Конференциската лига.

Првите денови се наменети за медицински прегледи, по што екипата ќе премине со работа со по две тренинг-сесии дневно. Еден контролен натпревар е планиран за 15 јануари, а од 17 јануари до 1 февруари Шкендија ќе ја реализира главната фаза од подготовките во Анталија, Турција.

За време на престојот во Анталија, покрај физичката и техничко-тактичката подготовка, планирани се и четири контролни натпревари, кои ќе му послужат на стручниот штаб за тестирање на формата на екипата.

ФОТО: ФК Шкендија

Шкендија презимува на третото место на табелата во македонскиот шампионат со 36 бодови. Пролетната полусезона е планирано да започне на 11 февруари, кога во Тетово, Шкендија ќе се соочи со Струга Трим Лум.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!