Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров го скрати списокот – Јагуриноски и Ивановски надвор од составот за ЕП

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската ракометна репрезентација ќе патува со 19 ракометари на подготвителниот турнир во Винтертур, каде што избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе одиграат контролни средби против Бахреин, Украина и Швајцарија.

По овој турнир, националниот тим ќе замине за Хернинг, каде на 13 Јануари е планиран уште еден пријателски натпревар со данскиот прволигаш Митјиланд, како последна проверка пред Европското првенство.

Лазаров го направи финалниот рез во составот пред почетокот на шампионатот што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Од првичниот список од 21 играч, надвор од комбинација за настап на ЕП останаа десниот бек- Томислав Јагуриноски од ГРК Охрид и средниот бек- Мартин Ивановски од Алкалоид.

Останатите ракометари ќе конкурираат за место во ростерот за континенталниот собир, а репрезентацијата ќе ги продолжи подготовките во натпреварувачки ритам преку контролни дуели и турнири.

Состав на Македонија за ЕП 2026:

Никола Митревски, Иван Галевски, Мартин Томовски, Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, Никола Костески, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Самоил Ристевски, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Филип Кузмановски, Дамјан Митев, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!