Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Министерот Борко Ристовски со порака за ракометарите: Играјте со срце за Македонија!

Сподели
ФОТО: Ракометна репрезентација на Македонија
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ги посети македонските ракометари и им посака успешен настап на претстојното Европско првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 2 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.

„Играјте со срце, играјте за Македонија! Некогаш не се битни само резултатите, но секогаш е битно да се одигра максимално и да се остави срце на терен, посебно кога се носи националниот дрес. Публиката тоа го препознава и го почитува. Како некој што со години го носеше овој дрес, знам што значи да се игра за Македонија, знам колкава чест, но и одговорност е тоа. Верувам дека ќе одиграте максимално и достојно ќе ја претставувате Македонија и македонскиот ракомет на ова  Европско првенство“, им порача Ристовски на македонските ракометари.

Владата преку Министерството за спорт и во соработка со Ракометната федерација на Македонија обезбеди финансиска премија за македонската репрезентација од 2 милиони денари за секоја победа и уште 2 милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026.


Машката ракометна репрезентација на Македонија по Божик заминува на турнир во Швајцарија, а оттаму продолжуваат директно за Хернинг, Данска каде ќе ги игра натпреварите од групната фаза на ЕП против селекциите на Данска, Португалија и Романија.

Македонските ракометари по 15 пат во континуитет настапуваат на големите натпреварувања – европски и светски првенства што заслужено им го носи епитетот најуспешна македонска репрезентација на меѓународна сцена.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!