Прва лигаФудбал

Минас Османи поднесе оставка: Шкупи во тешка ситуација на дното

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкупи остана без тренер, откако Минас Османи официјално поднесе оставка по петгодишен ангажман во првиот тим. Искусниот стратег преку јавно соопштение ја информираше спортската јавност за својата одлука да ја прекине соработката со чаирскиот клуб.

Како што наведува Османи, причините за неговото заминување се поврзани со долг период на работа во тешки услови, при што потенцира дека една година не биле исполнети финансиските обврски кон него.

И покрај тоа, тој истакнува дека секогаш го давал својот максимум, работејќи професионално и коректно во интерес на клубот, фудбалерите и навивачите.

“По 5 години ангажман во првиот тим на ФК Шкупи, ја информирам спортската јавност и медиумите дека донесов одлука да ја прекинам соработката со клубот, поднесувајќи оставка. Оваа одлука доаѓа по долг период на жртва, посветеност и професионална работа, во тешки услови, вклучувајќи го и фактот дека една година не беа реализирани финансиските обврски кон мене. И покрај предизвиците, го дадов максимумот за клубот, играчите и навивачите, претставувајќи го ФК Шкупи со коректност и професионална чесност. Им се заблагодарувам на сите соработници, фудбалери и навивачите „Шверцери“ за поддршката во текот на овие години и му посакувам многу успех на клубот во иднина”, рече сега веќе екс тренерот на Шкупи, Минас Османи.

Оставката доаѓа во исклучително тежок момент за Шкупи. Тимот ја заврши досегашната фаза од сезоната со едно реми, дури 15 порази и само еден освоен бод, што го сместува на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Во продолжението од сезоната, клубот го очекува исклучително тешка борба за опстанок во елитата.

Со заминувањето на Османи, Шкупи ќе мора брзо да најде решение на тренерската позиција, доколку сака да ја задржи надежта за спас од испаѓање и да ја стабилизира ситуацијата во екипата.

Инаку, Шкупи сезоната ја започна со турскиот стратег Умит Шахин, лошите резултати доведоа до негова смена, а сега Шкупи ќе го добие третиот тренер во тековната сезона.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!