Ракометна репрезентацијаРепрезентација

„Промашивме пет пенали, така не можеш да ја победиш Хрватска“ – Лазаров после првиот тест

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација го одигра првиот контролен натпревар воочи Европското првенство и загуби од Хрватска со 23-26 во дуел одигран во Пореч.

Овој меч беше прва можност за селекторот Кире Лазаров да ги тестира новите решенија и ротации во составот, особено со оглед дека ривалот настапи без дел од своите носители на играта.

Избраниците на Лазаров добро го започнаа мечот, но серијата промашени пенали во клучни моменти го насочи резултатот во корист на домаќинот. Хрватскиот селектор им даде продолжен одмор на главните ѕвезди, но и покрај тоа Македонија не успеа да ја материјализира иницијативата во одредени делови од дуелот.

Лазаров беше искрен во својата анализа по натпреварот:

„Промашивме пет пенали, три на самиот почеток и со такво нешто не можеш да направиш ништо. Имаме доста проблеми, имаме и многу ‘дупки’, но се обидовме некои работи да ги направиме на најдобар можен начин и да пробаме со нови сили. Ни недостасуваше, на пример, Лазаревски, но тоа е…“, изјави Лазаров.

Селекторот потенцира дека ваквите натпревари имаат развоен карактер — важни се за ритам, искуство и проверка на младите ракометари кои влегуваат во системот на репрезентацијата.

Во продолжение тој порача:

„Продолжуваме со подготовките во Хрватска до 30 декември, потоа одиме во Швајцарија на турнир, па директно на Европското првенство. Нема да биде лесно. Кај нас очекувањата секогаш се големи, ќе беа уште поголеми ако победевме денес, но ќе се бориме“, додаде Лазаров.

Нашиот национален тим продолжува со тренажниот циклус до крајот на декември, по што следи настап на „Жолтиот Куп“ во Швајцарија во втората недела од јануари 2026 година — последна генерална проба пред континенталниот шампионат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!