Кошарка

Познати се четвртфиналните двојки во кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“

Сподели
Сподели

Познати се сите учесници во четвртфиналето од националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако беа одиграни натпреварите од осминафиналната фаза, која понуди убедливи победи, но и вистинска драма до последен напад.

МКК Куманово без поголеми проблеми ја оправда фаворитската улога пред својата публика и со сигурна игра го совлада тимот на Ангели со 95:65. Кумановци го решија мечот уште во воведните десет минути, кога направија огромна разлика, а потоа рутински ја одржуваа предноста до самиот крај. Митевски беше прво име кај домаќините, додека тимската распределба на поените беше дополнителен доказ за доминацијата на „сино-белите“.

Работнички, пак, мораше многу повеќе да се помачи за да стигне до четвртфинале. Во дуелот со Тиквеш Голден Игл, скопскиот состав направи разлика во последната четвртина, кога со серија поени го скрши отпорот на кавадарчани и славеше со 92:73. По израмнети три четвртини, „црвено-белите“ покажаа карактер и квалитет во клучните моменти, обезбедувајќи си атрактивен четвртфинален дуел против МЗТ Скопје Аеродром.

Историски успех забележа и Маџари, кој како новајлија во елитата избори место меѓу најдобрите осум. Со убедлива победа од 82:59 над Гостивар, скопскиот тим го контролираше натпреварот уште од првото полувреме, а и покрај обидот на гостите за камбек, финишот целосно им припадна на домаќините.


Најнеизвесниот натпревар се одигра во Чаир, каде Феникс 2010 во драматична завршница славеше на гостински терен против Чаир 2030 со 83:79. Иако домаќините во неколку наврати беа блиску до целосен пресврт, Феникс остана смирен во последните минути и со прецизна реализација од линијата за слободни фрлања ја завери победата вредна четвртфинале.

  • По оваа фаза, четвртфиналните двојки во Купот се:
    ТФТ – Феникс 2010
    МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
    Кожув – Маџари
    Пелистер – МКК Куманово

Завршницата од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ најавува уште поголема неизвесност и квалитетни кошаркарски пресметки, со јасна борба за престижниот трофеј.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!