Ракомет

На полувреме со… Филип Талевски – ракометар на РК Струга

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во најновото издание од рубриката „На полувреме со…“ на Спортска Мрежа, на краток и опуштен разговор го имавме ракометарот на РК Струга – Филип Талевски. Играч кој со својата борбеност и карактер важи за еден од оние што секогаш оставаат срце на теренот, без разлика на резултатот.

Филип зад себе има богато искуство настапувајќи за повеќе македонски клубови, меѓу кои РК Радовиш, РК Алушовски, РК Еурофарм Пелистер 2 и тимот на Аеродром, а денес е дел од проектот на РК Струга во Суперлигата. Иако неодамна помина низ тежок период поради повреда, тој покажува дека менталната сила е подеднакво важна како и физичката подготвеност.

Во јуни 2025 година Талевски беше подложен на хируршка интервенција поради повреда на лигаментите. Операцијата помина успешно, а летото и есенската полусезона ги искористи за целосна рехабилитација. Во пролетниот дел се очекува да биде подготвен да ѝ помогне на Струга во борбата за опстанок во ракометната елита на Македонија.

  • Ако Филип Талевски не беше ракометар, што ќе беше?

Професор.

  • Зошто ракомет?

Ракометот живее во секое дете кое е од Битола. Уште од мал бев во сала и гледав натпревари, па се роди желбата еден ден и јас да бидам на теренот.

  • Омилен ракометар?

Хансен.

  • Позиција на која играш и зошто токму таа?

Пивот. Најмногу се пронајдов на таа позиција.

  • Пред која публика било највозбудливо за игра?

Битолската.

  • Струга или Битола?

Битола.

  • Летни или зимски подготовки?

Летни.

  • Најдобар стрелец и пораз или ниту еден гол, но победа?

Ниту еден постигнат гол, но триумф.

  • Со кој тренер било најтешко да се работи?

Секој тренер си има свој начин, не би издвоил.

  • Цимер со кој си поминал најубаво?

Кристијан Костадиновски.


  • Со кој соиграч се „читаш“ со поглед на теренот?

Петар Стојаноски.

  • Што јадеш по натпревар?

Паста или пица.

  • Омилена храна?

Паста.

  • РК Струга или РК Радовиш?

РК Струга.

  • Што правиш пред почеток на натпревар?

Добра психичка подготовка и анализа на противникот.

  • Теретана или десет круга трчање?

Теретана.


  • Кој пораз најмногу боли?

Баражот против РК Скопје, загубен на пенали.

  • Каде би сакал да заиграш – Пелистер или Вардар?

Пелистер.

  • Со кој тренер во Македонија би сакал да работиш?

Кирил Лазаров.

  • Сала што најмногу ти „лежи“?

„Боро Чурлевски“.

  • Победа што секогаш ќе ја паметиш?

Бараж натпреварот со Еурофарм Пелистер 2.

  • Колку најмногу голови си постигнал на еден меч?

Осум.


  • Што повеќе боли – промашен пенал или зицер?

Промашен зицер.

  • Омилено овошје?

Јаболко.

  • Омилен дел од тренингот?

Поставена зона.

  • Колку е важна поддршката по тешка повреда?

Многу важна. Поддршката од блиските и соиграчите е мотивација плус за враќање.

  • Пиво во соблекувална по победа?

Да.

  • Есенска или пролетна полусезона?

Пролетна.

  • За кој клуб навиваш?

Пелистер.


  • Најдобар тренер во Европа?

Успехот на Bennet Wiegert зборува сам за себе.

  • Најтежок противник во Суперлигата?

Охрид, поради цврстата одбрана, но и сите од „големата четворка“.

  • Најтивок во соблекувална?

Бобан Савески.


  • Напад или одбрана?

Напад.

  • Најгласен во соблекувална?

Филип Пајкоски.

  • Песна по победа?

Тоа што ќе пушти Туте.

Рубриката „На полувреме со…“ има за цел да донесе една поинаква, порелаксирана атмосфера и да ги приближи спортистите до јавноста. Токму затоа и го носи ова име – кратка пауза од резултатите и тактиките, исполнета со искрени и забавни одговори. А кога ракометар како Филип Талевски ќе каже дека повеќе би избрал победа без гол, отколку личен учинок и пораз, тогаш јасно е колку тимскиот дух и карактерот му значат – и на теренот и надвор од него.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача да го подготви тимот за завршниот турнир на Азискиот куп, кој...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на...

Ракомет

Ојлески: „Ќе дадеме сè од себе за европско финале“ – Охрид пред најголемиот испит!

Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех...

Ракомет

Јагуриноски пред реваншот:„Играме дома и ќе дадеме максимум!“ – Охрид со срце кон финале!

Охрид е пред уште една историска вечер – европско полуфинале кое носи...

Ракомет

Златен блесок за Македонија: кадетите светски шампиони во училишен ракомет!

Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!