Прва лигаФудбал

Работнички се раздели со Грузиецот Лука Робакидзе

Сподели
ФОТО: ФК Работнички | АРХИВА
Сподели

Екипата на Работнички направи уште една промена во играчкиот кадар во пресрет на продолжението од сезоната, откако спогодбено се раздели со грузискиот фудбалер Лука Робакидзе.

25-годишниот играч за врска не беше во прв план кај „романтичарите“ во изминатиот период, а двете страни одлучија соработката да ја прекинат пред истекот на договорот. Робакидзе последен пат настапи на стартот од сезоната, кога запиша четири настапи во првите четири кола од Првата македонска фудбалска лига, по што остана надвор од комбинација.

Во тековната сезона, грузискиот интернационалец собра вкупно 215 минути во првенството, додека во Купот на Македонија одигра едно полувреме. Свое учество имаше и на европска сцена, настапувајќи десет минути во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.


Робакидзе во Работнички пристигна од редовите на Брегалница, а претходно во кариерата настапуваше и за клубови од Чешка и Грузија, меѓу кои Таборско, Самтредиа и Гагра Академија. Во минатата сезона во дресот на Работнички запиша 18 настапи, додека најголем впечаток остави во Брегалница, каде во сезоната 2023/24 одигра 28 натпревари и запиша три асистенции.

Со ова заминување, Работнички продолжува со редефинирање на тимот за вториот дел од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!