РакометРакометна репрезентација

Македонија на прв тест – вечерва против светскиот вицепрвак- Хрватска

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва го игра првиот контролен натпревар во рамки на подготовките за Европското првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Дуелот ќе се игра во салата „Жатика“ во Пореч, со почеток од 20:30 часот, а избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе настапат во речиси комплетен состав — единствено ќе недостасува голманот Мартин Томовски, кој ќе им се придружи подоцна.

Ривал на Македонија ќе биде светскиот вицепрвак Хрватска, која под водство на селекторот Арон Палмарсон Сигурдсон започнува нова ера. Хрватите ќе бидат без искусните Карачиќ, Дувњак и Пешиќ, а селекторот ќе им даде шанса на ракометарите што досега имаа помала минутажа.

Во составот на Хрватска најголем дел од играчите доаѓаат од домашното првенство, со две исклучоци — голманот Славиќ од Лимож и пивотот Шимиќ од Вецлар.

Овој натпревар ќе биде важен тест за формата и ритамот на македонската репрезентација пред настапот на континенталниот собир.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!