Ракомет

Томовски блесна меѓу стативите, Битигхајм ќе презими на лидерската позиција

Сподели
ФОТО: SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше значајна улога во големиот триумф на Битигхајм, кој со победа во дербито го обезбеди врвот на табелата на крајот од календарската година.

Во натпревар од 17. коло, Битигхајм на домашен терен го надигра директниот конкурент Балинген со 32-27, во дуел кој понуди жестока борба и големо резултатско значење. Одбраната беше клучот за успехот, а токму таму се истакна Томовски, кој бранеше во текот на целиот меч и собра девет интервенции, меѓу кои и одбрана од седум метри.

Со стабилност и сигурност во клучните моменти, македонскиот чувар на мрежата уште еднаш покажа зошто е еден од најважните играчи во составот на Битигхајм оваа сезона.

По ова коло, Битигхајм се израмни на врвот на табелата со Елбфлоренц, двата тима имаат по 28 бодови, додека Балинген остана на третата позиција со 26.

По завршувањето на клупските обврски, Томовски ќе се стави на располагање на македонската репрезентација, каде од почетокот на јануари ќе ги започне подготовките за претстојното Европско првенство.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!