Трета лигаФудбал

Обршани се откажа од натпреварување во Трета лига – Југ!

Сподели
Сподели

По седум одиграни кола во Трета лига – Југ екипата на Обршани се откажа од понатамошно натпреварување тоа значи дека по откажување на Марена пред стартот на сезоната Обршани е вториот тим кој се откажа од натпреварување.

На овие седум одиграни натпревари екипата на Обршани само еднаш триумфираше додека пак имаше шест порази. Успеа да постигне осум погодоци, а прими 24 погодоци.


Ова ќе значи дека во секое коло во Трета лига – Југ ќе има по две слободна екипа, а сезоната ја продолжуваат 12 екипи.

И во минатото речиси во секој регион имало по некоја екипа која се откажува од натпреварување, причините се разни, дел поради финансии, дел поради тоа што не можат да соберат играчи, дел поради лоша инфраструктура, со што квалитетот во конкурениот третолигашки регион паѓа на пониско ниво, бидејќи ќе има чести паузи бидејќи во секое коло ќе има по две слободни екипи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!