Втора лигаФудбал

По седум години на чело на клубот: Претседателот на Преспа, Зоран Милевски поднесе оставка

Сподели
Сподели

Екипата на Преспа од Ресен влегува во исклучително чувствителен период, откако претседателот на клубот, Зоран Милевски, официјално поднесе оставка по седум години минати на чело на второлигашот.

Милевски преку јавно соопштение ја информираше спортската јавност за својата одлука, нагласувајќи дека зад себе остава период исполнет со напорна работа, посветеност и конкретни резултати – од враќањето на Преспа во Втората лига, до значајни инфраструктурни подобрувања и континуиран развој на младинските категории.

Оставката, како што најави, ќе биде формално образложена на годишното собрание на клубот, закажано за 30 декември 2025 година во Ресен.

„Почитувани седум години беше огромна чест и задоволство да се биде на чело на ФК Преспа. Целиот свој потенцијал и знаење го вложив во клубот за да го вратиме онаму каде што му е местото и каде што со традицијата и заслужува.

Успеавме во намерите со многу работа и посветеност.

-го вративме клубот во 2МФЛ

-шлолата работи континуирано и успешно

-теренот се среди како никогаш до сега

-се обезбеди механизација за одржување на истиот

-се реновираа соблекувалните

-се одстранија тарабите

-се поставија столчиња на трибината

Сето ова мора да продолжи и да се подобрува.

Време е за нови луѓе кои ќе внесат нова енергија и нови идеи за подобро функционирање на клубот.

Благодарам на сите кои ми помогнаа во овие седум години да створиме услови за да утре излезат уште многу фудбалери кои гордо ке го носат дресот на ФК Преспа. Благодарам до сите фудбалери сениори ,младинци ,кадети,пионери кои ми донесоа многу радосни моменти. Оставката ќе биде образложена и доставена на годишното собрание кое ке се одржи на 30.12.2025 (вторник)со почеток од 19:00 часот во големата сала во собранието на општина Ресен“, вели претседателот во оставка, Зоран Милевски.

Оставката доаѓа во момент кога Преспа се наоѓа во незавидна позиција на табелата. Тимот од Ресен есенскиот дел од Втората лига го заврши на 14. место со само девет освоени бодови, во зоната за директно испаѓање.


Во пролетниот дел клубот го очекува тешка борба за опстанок, со цел најмалку обезбедување бараж.

По шампионската титула во Третата лига – Југозапад и камбекот меѓу второлигашите, постои реална опасност Преспа експресно да се врати во третолигашкото друштво на Југозападот што дополнително ја прави ситуацијата околу клубот уште посензитивна во пресрет на продолжението од сезоната.


Во следните денови клубот треба да го избере новиот претседател, кој ќе го замени Милевски.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата на Шкупи ги игра своите последни натпревари во Првата лига, со...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор во трката за првото место. Разликата во однос на Вардар сега...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор...

Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!