ФудбалФутсал

Хуманитарни натпревари за социјално најзагрозени семејства во Кочани

Сподели
Сподели

Кочани ќе биде домаќин на хуманитарни спортски натпревари со цел поддршка на социјално најзагрозените семејства во градот. Настанот ќе се одржи во недела, на 28 декември 2025 година, во спортската сала „Кочански Ангели“, со почеток од 17:00 часот.

Програмата започнува со фудбалски натпревар помеѓу помладите категории на ФК Фудбал Старс и ФК Кочани, по што следува футсал-дуелот меѓу КМФ Фудбал Старс – Аутовелт и КМФ Кеги Моби од Велес, закажан за 18:00 часот.

Екипата на Фудбал Старс Аутовелт е дебитант во Втората футсал лига, а пак Кеги Моби е тим кој заврши на третото место во есенскиот дел на Првата футсал лига.

Влезот за настанот ќе изнесува 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за помош на семејствата на кои им е најпотребна поддршка во пресрет на новогодишните празници.


Хуманитарните натпревари се организираат со силна поддршка од Општина Кочани, како и соработка со КМФ Кеги Моби од Велес, а организаторите упатија отворена покана до сите граѓани да бидат дел од овој настан и преку спортот да покажат солидарност и хуманост.

Кочани уште еднаш докажува дека спортот може да биде многу повеќе од резултат – може да биде начин да се подаде рака таму каде што е најпотребно.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!