Втора лигаФудбал

Во ФФМ се размислува Втората лига да се скрати на 12 екипи!

Сподели
Сподели

Втората македонска фудбалска лига во иднина би можела да има уште едно кратење, оваа сезона е последна со 16 екипи, бидејќи од следната сезона 2026/2027 второлигашкото друштво ќе брои 14 екипи.

Но, како што истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во новогодишното интервју вели дека се размислува за уште едно кратење на Втората лига.

„Убеден сум, оваа првенство се убедив и самиот себеси дека е исправна одлуката за крање на Првата лига од 12 на десет екипи. Убеден сум дека и Втората лига уште еднаш да донесеме одлука да ја скратиме, сега ја кратиме од 16 на 14 екипи, да ја скратиме на 12 екипи. Со новиот статут одиме на региони. Новиот статут ќе биде усвоен на почетокот на наредната година со што ќе донесеме нова организација на фудбалската федерација, каде што Општинските фудбалски сојузи нема да бидат чинители туку ќе бидат регионите. Останува отворено прашањето да дискутираме дали Третите лиги ни се потребни, бидејќи има многу клубови во Општинските лиги кои не сакаат да бидат први за да влезат во Трета лига бидејќи им е и скапа, но дискутабилно е со квалитетот. Нас сепак тој аматерски фудбал треба да ни биде да младите играат фудбал, да се натпреваруваат“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Покрај Втората лига од следната сезона се крати и Првата лига од 12 на десет екипи, а промени се најавуваат и во Третите лиги и Општинските лиги.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!