Прва лигаФудбал

Работнички прави голем „ремонт“ – чистката во ростерот!

Сподели
ФОТО: ФК Работнички | АРХИВА
Сподели

Екипата на Работнички влегува во период на сериозни промени, откако клубот се раздели со повеќе фудбалери од актуелниот ростер. „Романтичарите“ очигледно ќе мора да прават темелен ремонт во обид да ја стабилизираат формата и резултатите во продолжението од сезоната.

Од Дебар Маало си замина искусниот дефанзивец Виктор Велкоски, кој во пролетниот дел од ПМФЛ настапи на 14 натпревари. Велкоски, кој во клубот пристигна како слободен играч, зад себе има богата кариера со настапи во Македонија, но и во странство.

Клубот ја прекина соработката и со бразилскиот напаѓач Калани Алмеида. Тој одигра 15 првенствени натпревари, но не успеа да се запише во листата на стрелци. Алмеида пристигна минатото лето од Словенија, но не ги оправда очекувањата во офанзивата.

Дополнително, Работнички се раздели и со Демир Имери и Џелил Асани. Имери беше еден од поистакнатите поединци со три погодоци на 13 настапи, додека Асани одигра 14 меча во дресот на скопскиот тим.


Сите овие заминувања најавуваат бурен преоден рок за Работнички, кој се наоѓа во незавидна позиција на табелата и ќе мора да бара нови решенија за подобар настап во продолжението од сезоната.

Претходно, тимот се раздели и со српскиот стратег Ален Тупајиќ, па така Работнички сега е во потреба и по нов тренер.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!