Ракомет

Ракометна Македонија тагува: Почина екс-селекторот Новко Георгиевски

Сподели
ФОТО: РК Струга - официјална фан страна
Сподели

Македонскиот ракомет загуби голем спортски работник, тренер и педагог. Денеска, по долга и тешка борба со болеста, почина Новко Георгиевски, поранешен селектор на младинската женска ракометна репрезентација на Македонија и човек кој целиот свој живот го посвети на ракометот.

Георгиевски остави силен печат во македонскиот женски ракомет, а најзначајниот репрезентативен ангажман го имаше како селектор на младинската селекција која настапи на Светското првенство во 2008 година, што се одржа во Македонија. Поради здравствени причини, во последниот период тој не беше активен на ракометната сцена.

Во својата богата тренерска кариера, Новко Георгиевски ги предводеше женските клубови Кале Кичево, Стружанка и Кабран Амбалажа, а работеше и во машкиот ракомет, како тренер на екипата на Куманово. Колегите и ракометарите ќе го паметат како посветен тренер, тивок работник и искрен вљубеник во спортот.

„Со тага ја примивме веста, почина Новко Ѓорѓиевски. Новко беше поранешен селектор на женската младинска репрезентација на Македонија, тренер на неколку женски клубови како и на женскиот клуб во нашиот град. РК Струга упатува искрено сочувство до семејството и пријателите. Почивај во мир Новко!“, се вели во соопштението на РК Струга.

Новко Георгиевски зад себе остави и силно спортско наследство во своето семејство. Негови ќерки се поранешните македонски репрезентативки Душица и Елена Георгиевска – Душица ја заврши активната кариера, додека Елена и понатаму настапува на меѓународната сцена, како членка на турскиот клуб Одунпазари.

Македонскиот ракомет се простува од човек кој со знаење, трпение и љубов остави трајна трага.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер. На стадионот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!