Ракомет

Кои се најдобрите стрелци во Суперлигата? Најдобриот има 122 гола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Заврши есенската полусезона во ракометната Суперлига со одигрување на 18 кола, со што покрај пласманот на екипите познати се и повеќе статистики, а меѓу која и таа за најдобрите стрелци во ракометната елита на Македонија.

Најдобриот стрелец во Суперлигата доаѓа од редовите на Прилеп, Димитар Димитриоски кој пристигна летото во градот под Марковите кули постигна 122 погодоци на 18 натпревари, неговиот просек е 6.78 по натпревар.

На второто место е Мохамед Азиз Бен Махфоудх со постигнати 115 погодоци, исто така на 18 натпревари, а пак ракометарот на Пролет, Давор Палевски има 107 погодоци на 18 натпревари. Уште двајца ракометари има со троцифрен број на погодоци – Филип Николов за Бутел одигра 17 натпревари и постигна 100 погодоци, а пак Александар Стојков е најдобар стрелец за Куманово со сто гола.

Останатите ракометари имаат двоцифрен број на погодоци – Здравко Постолов е најдобар стрелец на Радовиш, а на листата на стрелци е шести со 93 гола, но со 16 натпревари, Наум Костов за Струга постигна 89 гола и се наоѓа на седмото место, а толку има и ракометарот на Прилеп, Денис Шабановиќ.


Пикерот Стефан Атанасовски за Струга постигна 86 гола и со тоа е деветти на листата на најдобри стрелци, а пак Петар Атанасијевиќ за шампионот Еурофарм Пелистер постигна 81 гола.

Најдобар стрелец на Вардар е Дмитро Хориха со 75 гола, а тој е на 13. место на листата на стрелци, а пак Мартин Серафимов со 74 гола е најдобар стрелец на Алкалоид, а се наоѓа на 15-тото место. Најдобар стрелец на Охрид е Дарко Џукиќ со 68 гола и се наоѓа на 19-тото место.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Вардар со голем пресврт до „брејк“ во Крива Паланка – чекор поблиску до финале!

Кошаркарките на Вардар поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако во драматичен натпревар славеа на гостувањето...

Втора лигаФудбал

Новаци денес оди по три бодови против Големо Коњари

Денес ќе се комплетира 25. коло на Втората македонска фудбалска лига со мечот меѓу Големо Коњари и Новаци. Домашниот тим уште пред неколку...

Поврзани написи
Ракомет

Кицеска: Ова е историски момент – Купот не секогаш го освојува фаворитот!

Екипата на Спартак испиша клупска историја и за првпат ќе се бори...

Ракомет

Кукуловски пред Куп- финалето: „Веруваме во себе – ќе се бориме до крај!“

Охрид утре ќе игра историско финале во Купот на Македонија против Вардар,...

Ракомет

Спартак испиша историја – преку Чаир до прво финале во Купот

Ракометарките на Спартак направија големо изненадување и изборија историски пласман во финалето...

Ракомет

Прибетиќ пред Куп- финалето: „Знаеме против кого играме, но веруваме во себе!“

Охрид и Вардар ќе се соочат во големото финале на Купот на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!