ФудбалФутсал

Неверојатна вечер во Брвеница: Хисен Мемеди постигна седум гола за триумф на СЕЕ Университи

Сподели
ФОТО: Futsal Team Seeu University
Сподели

Вечерва се одиграа три натпревари од 9. коло на Втората футсал лига, најмногу погодоци имаше во Брвеница каде беа постигнати 19 гола за голем триумф на СЕЕ Университи над Партизан Југ во локалното дерби кое заврши со 8:11.

Гостинот победата ја однесе на крилата на Хисен Мемеди кој постигна неверојатни седум гола, а по еден гол постигнаа Едис Муртезани, Самир Рамадани, Амин Шаќири и Арти Селмани.

За домашниот тим кој забележа пораз пред својата публика двојни стрелци беа Илија Јанкулоски, Даниел Радески и Марко Стојковски, а пак Даниел Јандриески беше стрелец на еден гол, додека пак Амин Шаќири си постигна автогол.

Црна Река се намачи кај „фенерџијата“ Карадаку откако во Липково славеше со 4:6. Во првиот резултат беше 2:2, а тоа донесе возбудлив меч и можност за први бодови на домаќинот, кој во второто полувреме го загуби мечот.


Нуриамет Саити погоди двапати, а по еднаш Есат Рамани и Зејнула Мустафи за домаќинот, за гостинот хет-трик постигна Никола Димов, а п еден гол Стојан Петковски, Јане Јаковлевски и Димитар Чоков.

Каршиака на домашен терен го доби тимот на Конзули од Битола со убедливи 4:1. Победникот се реши во вториот дел, откако во првото полувреме погоди само Сеад Јакупи за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Фуркан Ќани, Енес Ибраими и Нехат Емини погодија за домашниот тим, а за гостинот од Битола погоди Виктор Гелевски за ублажување на поразот.

Колото се комплетира утре во Кочани со мечот меѓу Фудбал Старс Аутовелт и Овче Поле од Свети Николе. Вчера, тимот на Кратово забележа висока победа над ССК Скопје во Пробиштип, а целиот извештај од тој меч го имате овде.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!