Прва лигаФудбал

Седлоски: Презадоволен сум од одиграното есенва, но далеку од тоа дека сме ја завршиле работата

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Вардар по неколку години резултатски пост, сезонава е оној вистинскиот.

Под водство на тренерот Гоце Седлоски, есенската титула повторно е во рацете на нашиот најтрофеен клуб.

Вардар одигра на потребното ниво , а притисокот што се створи околу тимот и очекувањата како од навивачите така и од јавноста на екипата очигледно дека беа дополнителен мотив и на крајот до посакуваната цел се дојде без загубен натпревар.

„Можам да кажам дека сум презадоволен од она што Вардар како тим го одигра во есенскиот дел од шампионатот. Од секој аспект. Видовте и самите со каков притисок се соочува тимот. Едноставно сите од Вардар го очекуваат најдоброто, а тоа не е лесно да се постигне. Затоа сум горд на овие момци. Што без пораз ја одработија задачата, на најдобар можен начин. Не е лесно да го носиш дресот на Вардар. Секој противник е на највисоко ниво кога игра против Вардар. Тоа се потврдува од меч во меч. Едноставно тоа е така. Навикнати сме на тоа. Така и е создавана оваа екипа. Од момци кои што очигледно можат да се носат со тој притисок. Им честитам за тоа“ – вели тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

На половина сме од шампионатот. Есенската титула годи, таа е награда за сето она што се направи во првиот дел од сезоната, но далеку од тоа дека се е готово. Напротив.

„Токму така. Не чека уште многу работа. Многу труд, многу напор за да се стигне до посакуваната цел. Ништо не е готово, напротив. На пролет не чека уште потежок пат кон она што се стремиме да го оствариме. Успесите кога е во прашање Вардар се неминовност, самите по себе се наметнуваат, а само најсилните и најхрабрите се способни да ги остварат. Затоа сум особено горд на сите оние кои во моментов се дел од овој колектив“ – заврши шефот на стручниот штаб на “црвено-црните”.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Беласица го промовираше Филип Михаилов

Второлигашот Беласица го претстави Филип Михаилов како најново засилување за сезона 2026/2027....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!