Турнири

ФОТО: Алупласт Васил Јосифово со убедлива победа од девет гола, Илинден 2007 до победа на „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Голеадата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ продолжува и вечерва откако одново беа постигнати многу погодоци, но се случи и тоа еден меч да заврши без погодоци.

Во мечот кај јуниорите 2010/2011 натпреварот меѓу Фавела Бојс и Маркет Го-Да Чонов Микро заврши без погодоци 0:0, а пак кај јуниорите 2012/2013 тимот на Mild Home Store заврши со убедливи 6:1 декласирајќи го тимот на Дојранско Езеро.

Кај сениорите првиот меч понуди дури десет погодоци – публиката проследи супер интересен и неизвесен меч откако Клик Гевгелија загуби од Илинден 2007 со резултат од 4:6.

Во вториот меч кај сениорите односно четвртиот меч на програмата понуди дури 11 гола, со што уште еднаш се потврди големиот процент на постигнати погодоци. Алупласт Васил Јосифово со 9:2 го декласираше убедливо Дизел Кале Тобако Марија.

Утрешниот ден (петок 19 декември) ќе биде слободен, а возбудувањата продолжуваат викендот со натпреварите за сабота и недела.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!