ФудбалФутсал

ФФМ со донација на фудбалски топки за сите екипи од Првата и Втората футсал лига

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Со цел континуирано унапредување на условите за тренинг и натпревари во футсал конкуренција, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализираше донација на ПУМА фудбалски топки за сите екипи кои се натпреваруваат во Првата и Втората футсал лига.

Со оваа донација се опфатени вкупно 21 клуб, при што секоја екипа доби по 12 ПУМА фудбалски топки, наменети за тренажниот процес и официјалните натпревари. Иницијативата претставува конкретна и директна поддршка за клубовите, со цел подигнување на квалитетот на натпреварувањето и создавање подобри услови за работа на играчите и стручните штабови.

Клубови корисници на донацијата се:

Прва Лига: Проект, Форца 2015, Кеги-Моби Велес, Бутел 2022, Клими Кавадарци, Јувентус Серава, Балкан 2017, Осогово 2022 (Крива Паланка), Шкупи 1927, Мал Ајакс;

Втора лига: Железарец, Каршиака, Црна Река, Фудбал Старс – Ауто Велт, СЕЕ Университи, ССК 1965 Партизан Југ (Брвеница), Овче Поле, Кратово, Конзули Битола и Карадаку.

ФФМ и во наредниот период ќе продолжи со вакви активности, со цел рамномерен развој и дополнителна афирмација на футсалот во Македонија.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!