Прва лигаФудбал

Прволигашот Брера Струмица остана без најдобриот играч за пролетниот дел!

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Прволигашот Брера Струмица во пролетниот дел ќе влезе со неколку промени во играчкиот кадар, ќе има заминувања, а ќе има и нови играчи.

Тимот од Струмица остана без еден од најдобрите играчи, Фахд Нзенгуе реши да направи промени и да ја промени средината. Покрај него заминуваат уште неколку од странците.

Тренерот Мартин Алаѓозовски очекува да бидат донесени неколку соодветни замени и нови засилувања, со цел да бидат конкурентни на сите позиции во пролетниот дел.

„Ќе нѐ напушти Фахд Нзенгуе, напаѓачот кој беше еден од носителите на играта во есенскиот дел од првенството. Неговиот договор истекува и тој одлучи да побара нов предизвик. Заминуваат уште неколку од странците, но верувам дека раководството ќе доведе соодветни замени и нови засилувања, со кои ќе бидеме конкурентни на сите позиции и во вториот дел од првенството“, истакна шефот на стручниот штаб на АП Брера.

Струмичани презимуваат на седмото место со 19 бодови, односно се во зоната за директен опстанок, а пролетниот дел го отвараат со гостување кај дебитантот Арсими.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Сигурно Куманово против Струга за трета радост сезонава!

Со сигурна и доминантна игра, Куманово ја совлада Струга со убедливи 32-19 и на најдобар можен начин ја затвори 2025 година. Ова е...

Прва лигаФудбал

Шкемби: Струга Трим Лум имаше речиси перфектен прв дел од сезоната

Со 13 победи во 16 натпревари, фудбалерите на Струга Трим Лум имаа речиси совршена есен. На табелата се веднаш зад лидерот Вардар, со...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкемби: Струга Трим Лум имаше речиси перфектен прв дел од сезоната

Со 13 победи во 16 натпревари, фудбалерите на Струга Трим Лум имаа...

ФудбалФутсал

ФФМ со донација на фудбалски топки за сите екипи од Првата и Втората футсал лига

Со цел континуирано унапредување на условите за тренинг и натпревари во футсал...

Прва лигаФудбал

Христов: Психолошкиот момент беше клучен, напролет очекувам уште подобри резултати

Екипата на Тиквеш на крајот од првиот дел на сезоната може да...

Прва лигаФудбал

Јанакиевски: Градиме тим што ќе оди на победа против секого во Првата лига

Екипата на Башкими ги крои плановите за пролетниот дел од сезоната. Тренерот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!