Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: По лошиот старт, АП Брера имаше задоволителни настапи оваа есен

Сподели
Сподели

АП Брера го заокружи првиот дел од првенството на седмата позиција со освоени 19 поени. Ако се земе во предвид лошиот старт во првите неколку кола, потоа струмичани покажаа завиден квалитет и направија неколку пријатни изненадувања.

Тимот на АП Брера славеше против Струга Трим Лум на гости, а успеа да ремизира и против лидерот Вардар во Скопје. Сето ова, надоврзано и со неколку победи пред своите гледачи, го извлекоа тимот од долниот кон средишниот дел на табелата.

Мартин Алаѓозовски го наследи Панче Стојанов на почетокот на септември и седна на клупата на натпреварот против Шкупи. Успеа да го подигне тимот кој почна да бележи многу подобри резултати.

„По лошиот старт на сезоната, АП Брера успеа да се консолидира и на клупски план што се однесува до малите финансиски проблеми, но и да го реорганизираме тимот. Мора да истакнам дека шанса добија многу млади фудбалери и ја искористија во целост. Одигравме неколку навистина квалитетни натпревари и треба да се гордееме со триумфот над Струга Трим Лум на гости, како и со ремито против Вардар во Скопје. Тогаш фудбалерите сфатија дека можат да се надигруваат и со најдобрите, а токму тоа е и нашата филозофија, да се обидеме да играме фудбал против сите екипи во првенството. Бодовите секако се награда за добрите игри. На крајот, кога ќе анализираме, АП Брера може да биде задоволна од сегашната позиција на табелата, со оглед на лошиот старт, но и напролет треба да бидеме уште подобри, затоа што шампионатот е долг, а нашата цел е да оствариме опстанок“, изјави тренерот Мартин Алаѓозовски.

Се очекува и освежување на играчкиот кадар во текот на зимскиот преоден рок.

„Ќе нѐ напушти Фахд Нзенгуе, напаѓачот кој беше еден од носителите на играта во есенскиот дел од првенството. Неговиот договор истекува и тој одлучи да побара нов предизвик. Заминуваат уште неколку од странците, но верувам дека раководството ќе доведе соодветни замени и нови засилувања, со кои ќе бидеме конкурентни на сите позиции и во вториот дел од првенството“, истакна шефот на стручниот штаб на АП Брера.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!