Прва лигаФудбал

Брера го доби Вардар и го втурна во резултатска криза, Воска слави голема победа над Шкупи!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Вонредното 12. коло од Првата лига го втурна Вардар во уште подлабока резултатска криза, откако денес загуби и од Брера Струмица со минимални 0:1 на домашен терен. Стрелец на победничкиот гол за струмичани беше Ѓорѓе Ивковиќ кој постигна гол во 19. минута од натпреварот.

Минимална победа слави и шампионот Струга која со 0:1 го доби ланскиот освојувач на Купот на Македонија, Тиквеш, на гостински терен, а до овој триумф шампионот стигна до победата со голот на Бојан Илиевски кој беше постигна доцна во финишот односно во 88. минута.

Реми без погодоци одиграа Гостивар и Пелистер на лошиот терен на „Борис Трајковски“ во Маџари, а во финишот на мечот беше поништен гол на битолчани. Двете екипи не се задоволни од исходот, силно ги посакуваа трите бодови, но мораше да се задоволат со по еден бод.

Шкендија на домашен терен го доби регионалното дерби со дебитантот Беса со резулта од 2:1, всушност денешната победа на поранешниот шампион од Тетово е од капитална важност бидејќи дојде на минус еден во однос на непоразениот лидер Работнички.

Во Тетово домаќинот дојде до предност од 2:0 со погодоците на Флорент Рамадани и најдоброт стрелец во историјата на мак-фудбалот Бесарт Ибраими во 23 минути игра. Потоа гостинскиот тим предводен од стратегот Берат Имери постигна гол преку Башким Велија и намали на 2:1 на полувреме. Во вториот дел двете екипи креираа шанси и бараа гол, но мрежите мируваа, а исходот беше 2:1.


Силекс и Работнички ги поделија бодовите откако одиграа 1:1 со тоа што лидерот дојде прв до водство преку Али Регхба во 19. минута од мечот, а пак во вториот дел Ади Алиќ постигна гол во 79. минута за конечни 1:1. Од 56. минута Силекс играше со играш помалку откако Милош Николиќ беше исклучен од игра поради директен црвен картон, па освоениот бод добива на тежина.

Воска Спорт на домашен терен дојде до голема победа над Шкупи од 3:1 со што охриѓани на своето конто додаваат три златни бодови во борбата за опстанок што е нивна примарна цел сезонава. Ланскиот финалист од Купот на Македонија преку Јахја Абдулхади дојде прв до водство во 32. минута со што на полувреме имаше предност од 1:0. Во вториот дел Шкупи правеше притисок и дојде до 1:1 откако погоди Тамба Фабрице во 56. минута и со тоа го врати Шкупи во трка за трите бодови.

Сепак, Џемиљ Јахији во 79. минута од мечот имаше ситуација кога ја стресе мрежата на противникот и ја донесе Воска до нова предност од 2:1. Во судиското надополнување Пилешков покажа на белата точка за Воска, а сигурен од белата точка за конечни 3:1 беше Марко Вуковиќ.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА 12. КОЛО:


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија ќе го игра мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 19. коло на Трета лига – Исток меѓу Тиверија и Брегалница Делчево ќе се одигра, иако клубот од Делчево истакна соопштение...

Ракомет

Охрид подготвен за европскиот предизвик – завршни подготовки пред полуфиналето

Ракометарите на ГРК Охрид ги одработуваат последните подготовки пред еден од најважните натпревари во сезоната – реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија ќе го игра мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 19. коло на Трета лига – Исток меѓу Тиверија и...

Прва лигаФудбал

Шкендија повторно сопната, Македонија ЃП убедлива – Вардар добива шанса за клучен исчекор кон титулата

Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања и значајни пресврти во трката...

Втора лигаФудбал

Коло кое решава голема судбина: Струмица и Автокоманда како пресвртници, Шкендија Арачиново со сценарио за врвот

Втората македонска фудбалска лига влегува во делот од сезоната каде повеќе нема...

Трета лигаФудбал

Брегалница Делчево службено го добива мечот со Тиверија

Натпреварот од 19. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!