Ракомет

Прилеп со убедлив триумф во Струга останува во трката за плеј-оф

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Прилеп се вратија на победничките патеки и со значајни бодови од Струга ја продолжуваат борбата за место меѓу најдобрите во Суперлигата. Во рамки на 17. коло, прилепчани славеа со убедливи 25-33 (14-15) на гостувањето кај Струга и покажаа дека не се откажуваат од плеј-оф амбициите.

Средбата во спортскиот центар „Тими“ започна со погодок на Стефан Атанасовски за водство на домаќинот, а во воведните минути се играше израмнето, со чести промени во резултатот. Прилеп се обидуваше да се одлепи, но Струга секогаш наоѓаше одговор, па водствата од 8:10, 10:12 и 11:13 не беа доволни за посериозна разлика.

Гостите во неколку наврати имаа плус два, но стружани упорно се враќаа во игра. Сепак, финишот на првото полувреме им припадна на прилепчани, кои преку Димитар Димитриоски обезбедија минимална предност од 14-15 на паузата.

Клучните моменти се случија во вториот дел. По израмнетата игра до 40. минута, Прилеп влезе во серија и за првпат на мечот направи посериозна разлика. Со агресивна одбрана и ефикасен напад, гостите стигнаа до 18:22, а набргу потоа и до плус пет, со што практично го скршија отпорот на домаќинот во 46. минута.


Во продолжението избраниците на Наум Танески рутински ја одржуваа предноста и без поголеми проблеми го приведоа мечот кон убедлива победа од 25-33.

Најрасположен во редовите на Прилеп беше Димитар Димитриоски со 11 погодоци, додека кај Струга најмногу се истакна Ахмед Мајдоуб со пет голови.

Со оваа победа Прилеп останува во игра за плеј-оф, а во следното коло го очекува тежок предизвик на домашен терен против вицепрвакот Вардар. Струга, пак, ќе се обиде да се врати на позитивен резултат на гостувањето кај Куманово.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на...

Ракомет

Ојлески: „Ќе дадеме сè од себе за европско финале“ – Охрид пред најголемиот испит!

Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех...

Ракомет

Јагуриноски пред реваншот:„Играме дома и ќе дадеме максимум!“ – Охрид со срце кон финале!

Охрид е пред уште една историска вечер – европско полуфинале кое носи...

Ракомет

Златен блесок за Македонија: кадетите светски шампиони во училишен ракомет!

Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!