Останато

Историски успех за М.Т.Т.Ф: Владимир Димитриевиќ освои бронза на Светски куп во Солун

Сподели
Сподели

Прв медал во сениори во историјата на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од Светски куп, освоен на престижниот „КИНГ ОФ ТАЕКВОН-ДО“ со учество на над 1400 натпреварувачи од 21 држава од 4 континенти во светот.

Овој викенд Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (МТТФ), со 3ца такмичари под водство на националниот тренер Саша Поповски, потпретседателот на МТТФ Зоран Парулески и Христијана Парулеска како судија од МТТФ зеде учество на Светскиот куп „King of Taekwon-do“, кој се одржа во Солун, Грција. На натпреварот учествуваат над 1400 натпреварувачи од 21 држава од целиот свет.

Нашата натпреварувачка Миа Танеска настапи во категорија јуниори – црвен појас, форми (борба со замислен противник), каде што конкуренцијата броеше 38 натпреварувачки. Таа успеа да се пласира до четвртфиналето, каде што беше поразена во борбата за медал и влез во полуфинале, освојувајќи го високото 9-то место. Додека во спаринг категорија јуниори до +55 кг, и покрај прикажаната борбеност и квалитет, не успеа да ја совлада противничката и беше елиминирана во раната фаза.

Најголемиот успех го постигна Владимир Димитриевиќ во спаринг категорија сениори до -78 кг. И покрај повредата здобиена поради густиот натпреварувачки распоред во изминатиот период, тој успеа да освои бронзен медал – прв медал за МТТФ од Светски куп. Во елиминационата фаза го совлада домашниот натпреварувач од Грција, а во четвртфиналето забележа победа над претставникот од Естонија. Во полуфиналниот меч беше поразен од натпреварувачот од Украина, со што не успеа да се пласира во финалето и борбата за златен медал.

“Со овој резултат, Владимир Димитриевиќ ја заокружува 2025 година онака како што и ја започна – со историски успех во сениорска конкуренција. Овој медал претставува значаен чекор напред за МТТФ и македонското традиционално таеквон-до и е јасен показател дека ИТФ таеквон-до спортот се стреми да биде еден од најдобрите спортови во Македонија. На овој Светски куп настап треба да има и Даниел Стојаноски, кој за првпат ќе ја претставува Македонската Традиционална Таеквондо Федерација во категорија кадети до -40 кг. Му посакуваме многу среќа и успешен настап”, изјави Марјанчо Лазаревски.

Претседателот на МТТФ, воедно упатува огромна благодарност до Генералниот спонзор” ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за сите успеси на М.Т.Т.Ф.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!