Ракомет

Бутел Скопје славеше важна победа кај Пролет во трката за плеј-офот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје го надиграа големиот ривал и направија значаен чекор кон плеј-офот. И покрај почетната негатива од 5-2, гостите брзо се консолидираа и до крајот ја контролираа играта, водeјќи и со девет гола предност во еден момент.

Филип Николов блесна со четиринаесет погодоци, а Тодор Узунчев додаде пет. Голманот Благојче Трајкоски имаше дванаесет одбрани, додека Александар Стојаноски запре три пенали, обезбедувајќи сигурност во одбраната.

Пролет се обиде да се врати во финишот, но не успеа да ја загрози победата на Бутел. Кај домашните, Томислав Димковски постигна пет гола, а Давор Палевски четири, со вкупно 13 интервенции на голманите Златко Даскаловски и Бојан Солев.

Со овој триумф, Бутел Скопје се искачи на петтото место со 18 бодови, пред Тиквеш со 16. Пролет останува на деветтото место со 12 бодови.

Во следното коло, кое го затвора есенскиот дел, Бутел ќе игра дома против Алкалоид, а Пролет гостува кај Еурофарм Пелистер 2.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!