Ракомет

Вардар го совлада Радовиш и ја задржа лидерската позиција!

Сподели
ФОТО: РК Вардар | АРХИВА
Сподели

Вардар ја забележа новата победа во првенството, совладувајќи го Радовиш со 40-26, во натпревар во кој „црвено-црните“ постепено ја градеа предноста и уште на полувреме водеа со 22-13.

Иако настапи со комбиниран состав и без неколку стандардни првотимци, Вардар без проблеми ја контролираше играта и постигна дури 40 голови. До 40. минута предноста изнесуваше плус 12, а речиси половина од погодоците ги реализираа Николас Боно и Мигуел Пинто.

Боно натпреварот го заврши со 11 погодоци, Пинто додаде девет, а пикерот Кристијан Атанасовски реализираше осум гола. Шанса добија и Марко Богдановски, Марио Танковски, Харуки Кавада, како и останатите ракометари од поширокиот ростер.

Радовиш, кој допатува во Скопје со нов тренер- Љупчо Мијалов, останува на дното на табелата со 17 порази сезонава и сериозна закана за испаѓање од лигата.

Во последното коло од годината, Вардар гостува во Прилеп, додека Радовиш на домашен терен ќе го пречека Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!