Останато

Бронза на Европско првенство за Филип Блажевски, македонското теквондо добива нова надеж

Сподели
ФОТО: Таеквондо репрезентација на Македонија
Сподели

Филип Блажевски вчера во Приштина, Косово, го освои бронзениот медал на Европското првенство во теквондо за натпреварувачи до 21 година.

Младиот македонски репрезентативец, член на Теквондо клубот Бутел, настапи во категоријата до 80 килограми и со три победи стигна до одличјето. Блажевски славеше над Александру Манита од Молдавија (2:0), Олександар Јефимов од Украина (2:0) и Ајман Бери од Франција (2:1), обезбедувајќи место на победничкиот подиум.

Во полуфиналната борба македонскиот теквондист беше поразен од Хрватот Оскар Ковачиќ со 0:2, актуелен светски шампион во оваа категорија.

Блажевски на шампионатот настапи под водство на помошник селекторот на репрезентацијата, Иван Крстевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!