ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Сподели
Сподели

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река – ова беше пресметка на двата лански второлигашки, а лидерот беше подобар со 4:2.

Мечот од 7. коло на Втората футсал лига донесе шест гола во Автокоманда, а мечот го одбележа и црвениот картон на Тони Гацев кој го заработи во 18. минута, иако прво доби жолт картон, но веднаш судијата му додели директен црвен.

Домашниот тим преку Дејан Кајсторовски го отвори резултатот во 10. минута, а по пет минути Дарко Насевски зголеми на 2:0. По црвениот картон на Гацев, гостинскиот тим од Кавадарци успеа да намали на 2:1 преку голот на Ѓорѓи Стрезовски.

Во вториот дел Мирко Богески зголеми на 3:1, а Црна Река преку Стојан Петковски намали на 3:2 во обид да дојде и до израмнување, но Железарец преку вториот гол на Кајсторовски стигна до конечните 4:2.

„Фенерџијата“ Карадаку немаше сили за ССК Скопје и на домашен терен во Липково загуби со 1:6. За домаќинот единствен стрелец беше Шуајб Шукрија, а за гостинот двапати стрелаше Снатијаго Ариф, како и Реџеп Бислим, а по еден гол постигнаа Несум Сулејман и Спасе Здравевски.

Трите бодови останаа во Брвеница откако Партизан Југ славеше на Овче Поле со 6:3, Ивица Ангелески постигна три гола, а пак Даниел Радески два гола, додека пак Антонио Ѓорѓевски беше стрелец на еден гол. За гостинот од Свети Николе во првиот дел погоди Роберто Андонов, а во вториот дел Лео Саздев и Аки Мемедалиев.


Во Пробиштип беа постигна дури 16 гола – Кратово ја загуби голеадата со Каршиака со резултат од 6:10. За домашниот тим Бобан Начковски двапати погоди, а по еднаш Кевин Јакимов во првиот дел и во вториот дел Димитар Стојановски, Ѓорѓи Ивановски и Валентино Јовановски.

За гостинот по три гола постигна Енис Ибраими и Сеад Јакупи, а пак Фуркан Ќани беше стрелец на два гола, додека пак Нехат Емини и Хамза Садики погодија по еднаш.

Вчера, како што веќе објави Спортска Мрежа екипата на Фудбал Старс Аутовелт го доби Конзули со 7:1.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!