Ракомет

„Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари“ – Рубен Гарабаја поднесе оставка во Еурофарм Пелистер!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

РК Еурофарм Пелистер соопшти дека тренерот Рубен Гарабаја ја понудил својата оставка, која клубот ја прифатил.

Гарабаја заминува пред истекот на договорот, а клубот наскоро ќе го назначи неговиот наследник.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Со Гарабаја на клупата, Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и одигра десет достојни натпревари во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Неговото заминување доаѓа по натпреварот со Алкалоид, кога тренерот почувствувал дека не добил доволна поддршка, па се одлучил да даде оставка.

„Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина.“- изјави Гарабаја.

РК Еурофарм Пелистер му се заблагодари на Гарабаја за професионалноста и му посакува успех во понатамошната кариера.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!