Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Сподели
ФОТО: Ставре Јада
Сподели

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни ФИС трки, уште еднаш потврдувајќи дека е најзначајниот амбасадор на македонското нордиско скијање.

Јада прво настапи на трката на 10 километри во Санта Катерина Валфурва во Италија, каде во конкуренција од 55 врвни светски скијачи го освои 33. место и запиша 118 ФИС поени.

Само еден ден подоцна, македонскиот скијач имаше уште подобар резултат на трката во Сент Мориц, Швајцарија. Во многу силна конкуренција од 103 натпреварувачи, Јада стигна до високото 23. место, освојувајќи 115 ФИС поени.

Од Скијачката федерација на Македонија упатија честитки до Јада и неговиот тренер Пламен Неделков за континуираната посветеност, напредок и успешното претставување на државата на меѓународната ски сцена.

Македонското скијање продолжува да чекори напред, а Јада и во следните трки ќе биде меѓу главните носители на нашите надежи за нови добри резултати.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца поради повреда, се врати на тениските терени, но не успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за пријателските натпревари со Црна Гора

Женската фудбалска репрезентација до 17 години кон крајот на овој месец ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора. Натпреварите ќе...

Поврзани написи
Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026,...

Останато

Камјани и Работнички победници на Купот на Македонија за пионери и пионерки

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки...

Останато

Марта Димковска испиша нова страница во македонската атлетика: Национален рекорд на 300 метри!

Марта Димковска постави нов национален рекорд на 300 метри, остварувајќи одличен резултат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!