Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Билјанини Извори тргнува на меѓународна мисија – Пљевља ќе биде следната голема сцена за охридските фудбалерки

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори од Охрид ќе биде дел од престижниот 12. Меѓународен турнир „Пријателство за Девојки“ што ќе се одржи од 5 до 7 декември 2025 година во Пљевља, Црна Гора. Овој турнир е еден од најзначајните во регионот за млади и сениорски женски екипи, а охриѓанки во Црна Гора одат со високи амбиции.

Сениорската екипа, предводена од тренерот Александра Рубаноска, веќе неколку недели интензивно се подготвува за силната меѓународна конкуренција. Клубот е решен да ја претстави Македонија во најдобро светло и да се врати дома со пехар.

Овој настап е овозможен благодарение на континуираната поддршка и организацискиот ангажман на претседателот на клубот Јовче Попоски, кој обезбеди одлични услови за сите фудбалерки – комплетно бесплатно патување, сместување и исхрана. Попоски и годинава продолжува со традицијата да создава професионални услови, а фудбалерките веќе уживаа и на турнирите во Албанија и Србија.

Продолжува и одличната соработка меѓу ЖФК Брезница и ЖФК Билјанини Извори, која се базира на заеднички цели за развој на женскиот фудбал во регионот и размена на добри практики.


Билјанини Извори е клуб со богата историја – поранешен шампион на Македонија и учесник во квалификациите за Лига на шампиони. Екипата оди во Пљевља мотивирана, сплотена и со огромна желба да го потврди високото ниво на женскиот фудбал во Охрид.

Очекувањата се големи – а охридските девојки ќе имаат шанса да покажат дека со работа, организираност и вера, може да се стигне до европските височини.

Им посакуваме успешно претставување, спортска храброст и уште една прекрасна приказна за охридскиот женски фудбал!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија повторно сопната, Македонија ЃП убедлива – Вардар добива шанса за клучен исчекор кон титулата

Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања и значајни пресврти во трката за титулата и опстанокот. Двата натпревари од колото ја продлабочија драмата...

Втора лигаФудбал

Коло кое решава голема судбина: Струмица и Автокоманда како пресвртници, Шкендија Арачиново со сценарио за врвот

Втората македонска фудбалска лига влегува во делот од сезоната каде повеќе нема простор за поправки. Секој бод добива тежина на финале, секоја грешка...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија повторно сопната, Македонија ЃП убедлива – Вардар добива шанса за клучен исчекор кон титулата

Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања и значајни пресврти во трката...

Трета лигаФудбал

Брегалница Делчево службено го добива мечот со Тиверија

Натпреварот од 19. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток меѓу...

ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!