ИнтернационалциФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Александар Трајковски во дресот на Локомотива Загреб

Сподели
ФОТО: NK Lokomotiva Zagreb
Сподели

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и официјално има нов клуб. Искусниот офанзивец беше претставен како ново засилување на Локомотива Загреб, со која потпиша договор најмалку до крајот на тековната сезона.

По извесен период без клуб, вториот најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација се реши за нов предизвик во добро позната средина. Хрватската лига не му е непознаница – токму таму го изгради дел од своето име преку настапите за Хајдук и Интер Запрешиќ, каде зад себе остави силен впечаток.

Од Локомотива со гордост го претставија својот нов играч, нагласувајќи го неговото богато искуство и квалитет што треба да донесе дополнителна сила во офанзивниот ред. Хрватскиот клуб во своето соопштение потсети и на хет-трикот што Трајковски го постигна токму против Локомотива во последното коло од минатата сезона, настапувајќи за Хајдук – дуел кој остана запаметен како негово едно од најдоминантните изданија.

Со трансферот на „Кајзерица“, Трајковски добива можност повторно да биде дел од конкурентно европско првенство и да се наметне со своето искуство, додека Локомотива добива проверен играч кој може веднаш да направи разлика.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ: „Сите заедно ја пишуваме историјата!“ – повик за спектакл во Охрид!

Охрид е пред натпревар кој може да ја одбележи сезоната – реваншот против Целје во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп носи шанса за...

Ракомет

„На крилјата на навивачите да стигнеме до финалето!“ – порака од Иванковиќ пред битката со Целје

Охрид е на прагот на историски момент – натпревар што може да ја однесе екипата во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и да...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига,...

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор...

Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!