Прва лигаФудбал

Работнички непоразен лидер во ПФМЛ, во долниот дел Воска, Тиквеш и Вардар

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

По единаесет одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига и натаму непоразен лидер е Работнички, кој на своето конто има 23 бодови или три повеќе во однос на Шкендија која е втора со 20 бодови, а толку бодови има и Силекс кој е на третото место, како и Гостивар кој е на 4. место.

Во горниот дел од табелата е вистинска мешаница и борба како за титулата, така уште поголема борба за излез во Европа. Шкупи и шампионот Струга имаат по 16 бодови и заедно го делат петтото место на табелата, па и овие две екипи секако ќе фаќаат приклучот и ќе бараат место во Европа, но „виза“ за Европа за секој нема, некои екипи ќе извисат.

Беса, Пелистер и Брера Струмица имаат по 12 освоени бодови и го делат седмото место на прволигашката табела по 11 одиграни кола.

Во долниот дел израмнето, Тиквеш и Вардар имаат по осум бодови, а на дното е Воска Спорт со седум бодови на своето конто.

  • ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА 11. КОЛО:

Веќе од среда кога ќе биде одиграно 12-тото вонредно коло започнува вториот круг од Првата лига, а тоа ќе значи дека екипите кои сакаат да ги остварат своите цели мора посериозно да ја сфатат работата, особено оние во долниот дел, со цел да немаат комплицирана и тешка пролет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на врвот од листата на најдобри стрелци. Антонио Каланоски, фудбалерот на Охрид,...

Втора лигаФудбал

Охрид остана на врвот во Втора лига, конкурентите блиску до „рибарите“, на дното без промени

По седум одиграно кола, со напомена дека од петтото коло не е одигран мечот меѓу Работнички и Брера, тимот на Охрид е на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

Фудбал

Игор Стојчевски се повлекува од судењето: Не сакам да страдаат моите најблиски поради невистини и манипулации

Македонскиот интернационален фудбалски судија Игор Стојчевски објави дека се повлекува од судењето,...

ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!